Поликлиника Др. Ѓоше

__________________________________________________________________

Ново


Естетска Хирургија

Anti-Aging Medicine


 

  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
  • default color
  • green color
  • blue color
Поликлиника Др. Ѓоше
За Нас PDF Print E-mail


Grupna

П.З.У.Поликлиника Др.Ѓоше отпочна со работа  од Септември 1994,како ординација по општа медицина, со двајца лекари и две медицински сестри.

Во 1997 во склоп на П.З.У. отпочна со работа и првиот приватен дијагностички центар во градот со еден лекар специјалист по радио и ехо дијагностика ,рентген техничар и медицинска сестра.

За реализација на нашите планови  во однос на проширување на дејноста, како и за потребите на кадровската доекипираност испративме двајца млади лекари на специјализација по радио и ехо дијагностика и општа хирургија.

Од 2008 функционираме како Поликлиника со 17 вработени и тоа:

  • Р.Е. Општа медицина која се состои од четири доктори по општа медицина  И четири медицински сестри.

  • Р.Е. Рентген и Ехо дијагносика која се состои од два доктори специјалисти по радио и ехо дијагностика, два рентген техничари и една медицинска сестра.

  • Р.Е. Медицина на труд која се состои од еден доктор специјалист по медицина на трудот и една медицинска сестра.

  • Р.Е. Општа Хирургија која се состои од еден доктор специјалист по општа хирургија И една медицинска сестра.


Стручните тимови од нашата поликлиника редовно се присутни на сите научни собири како во земјава, така и надвор од неа. Трудејќи се да ги следат и применуваат најновите достигнувања во медицината.

Се трудиме на нашите пациенти да им пружиме врвна, квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита. Секој успех за нас е нов предизвик за унапредувањето на услугата за доброто на нашите пациенти.

Сметаме дека само така нашата визија за врвно здравство ќе стане реалност и во нашата средина. Затоа доколку имате било каков здравствен проблем, ние сме тука за вас да ви пружиме квалитетна здравствена услуга, да ве посоветуваме или упатиме на повисоки инстанци.

Задоволна насмевка на лицето на секој наш пациент е нашата мисија и наш императив.

 

Превод

Временска прогноза

No data available
Скопје
--- °C
[Details]